kategorije

SRETAN PRAZNIK MAKEDONCI

Браќа Македонци, честит нека ни е најголемиот ден во нашата историја, Илинден, денот кој ја слави борбата на македонскиот народ за македонска држава. Бидејќи лекциите од историјата некако многу лесно ги забораваме, би сакале со неколку факти да ви прикажеме колку големо и страшно било Илинденското востание 1903. Сите знаеме и никогаш нема да заборавиме дека ова било востание на македонскиот народ против Османлиската власт. Доста им било на сите од неподносливата експлоатација и жестокоста на режимот на османлиската држава која не ги ... več Браќа Македонци, честит нека ни е најголемиот ден во нашата историја, Илинден, денот кој ја слави борбата на македонскиот народ за македонска држава.

Бидејќи лекциите од историјата некако многу лесно ги забораваме, би сакале со неколку факти да ви прикажеме колку големо и страшно било Илинденското востание 1903.
Сите знаеме и никогаш нема да заборавиме дека ова било востание на македонскиот народ против Османлиската власт. Доста им било на сите од неподносливата експлоатација и жестокоста на режимот на османлиската држава која не ги почитувала елементарните права признаени на македонскиот народ со Берлинскиот договор. И тоа дека Македонија треба да биде автономна држава!

Конгресот на Македонската револуционерна организација, одржан во Солун, донел одлука на пролет да се крене оружено востание при што започнувањето и водењето на востанието им биле препуштени на окружните комитети. Главниот востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ, во чиј состав биле Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанче, донел одлука востанието да започне на денот Свети Илија, 2 август 1903 година.


И додека на сите во главата првото нешто што ни одѕвонува е Крушевската република и како таа траела само 10 дена големината и значењето на ова востание за Македонскиот народ е многу поголеми. За жал ништо не може да го долови сето тоа доволно добро, како бројки. Тажно е дека сè се сведува на бројки, но тие се тука да не потсетуваат на тоа всушност колкава била болката на народ кој што само сакал слобода и да живее нормално.

Загубите на Македонскиот народ за време на востанието:
1.000 убиени
200 опожарени села
4.700 убиени жени, деца и стари луѓе
3.000 обесчестени жени и девојки
70.000 обездомени
30.000 бегалци во Бугарија

Загубите на Турците:
6.000 убиени
5.000 ранети

Затоа додека се обидуваат да ни ја украдат историјата, вие секогаш носете ја во вашето срце и никогаш не заборавајте што направиле вашите предци за вас.

А сега македонски народе, како и пред 1 век, повторно сме исправени пред предизвик наметнат од соседите и од среброљубците.


Државава е создадена со крв и солзи, затоа не заборавајте две работи:
1.
Никогаш не наведнувајте глава пред никого! Нашата земја раѓа, ние сме работлив народ и никогаш нема да страдаме за корка леб.

2.
Поновите случувања разоткрија многу нечесни луѓе, луѓе кои немале ништо свето и кои краделе од сопствениот народ. Затоа внимавајте какви лидери ќе бирате од сега па натаму. Тој што стоел рамо до рамо до крадецот и го оправдува секој негов потег е соучесник и би го направил истот пред око да му трепне.

Ви споделуваме две видеа за да го разбудите духот македонски во вас! manj

Znanje ogledov 25 dodan 03. 08. 2022

Komentarji 0

če želiš komentirati, se


stalna povezava



koda s predvajalnikom



Vpiši email osebe, ki ji želiš priporočiti ogled videa.


Hiter seznam

Za nadaljevanje se prijavi

Za prijavo uporabi Facebook

Facebook prijava

Za prijavo uporabi geslo

Samodejna prijava



pozabljeno geslo včlanitev